Ако на некој тим му лежат Манчестер сити и Манчестер јунајтед сезонава, тоа секако е Тотенхем кој се покажува како вистински кошмар за клубовите од Манчестер.
Лондонските Петли најпрвин во септември во премиерлигашки меч со 3-0 го совладаа Јунајтед на „Олд Трафорд“, потоа во октомври дома во Лига купот славеа 2-1 против Граѓаните, во ноември пак се сретнаа со Сити и го прегазија со 4-0, а вечерва по вторпат сезонава ги победија и Црвените ѓаволи, овојпат во Лига купот со 4-3.
Тотенхем е клуб кој 16 години нема освоено никаков трофеј. Вечерва беше направена ждрепката за полуфиналето во Лига купот на Англија, а двојките се Арсенал – Њукасл и Тотенхем – Ливерпул. Ќе се играат два меча, ќе има и реванш.