Четири нови имиња кај младата репрезентација за контролите во Анталија

Македонската репрезентација до 21 година во турска Анталија ќе одигра три контролни натпревари против селекциите на Летонија (23. март), Финска (25. март) и Словачка (28. март), како дел од подготовките за почетокот на квалификацискиот циклус за ЕП 2024.

Прв повик за репрезентацијата на Македонија до 21 година добија голманот Васко Василев од Рио Аве, левиот бек на Шкупи, Марио Ричков, фудбалерот на Подбрезова, Мартин Талаков и играчот од средниот ред на Работнички, Матеј Ангелов.

Поради тешка повреда на коленото, одбранбениот фудбалер на германски Аугсбург, Кристијан Тасевски не се најде на списокот на селекторот Канатларовски.

Алекс Златков, исто така поради повреда на задната ложа нема да биде во можност да конкурира за претстојните контролни средби. Селекторот Драги Канатларовски како замена за Кристијан Тасевски, дополнително ќе повика уште еден играч од одбраната.

Список на повикани фудбалери:

Голмани: Марко Алчевски (Академија Пандев), Иван Николоски (Беласица), Васко Василев (Рио Аве, Португалија);

Одбрана: Марио Ричков (Шкупи), Стефан Деспотовски (Работнички), Андреј Стојчевски (Жилина, Словачка), Имран Фетаи (Беса), Решат Рамадани (Динамо Киев, Украина), Виктор Крстевски (Гостивар);

Среден ред: Мартин Талаков (Подбрезова, Словачка), Иван Николов (Брегалница), Хамза Рамани (Силекс), Димитар Тодоровски (Работнички), Лука Станковски (Горица, Словенија), Ване Крстевски (Академија Пандев), Леонид Игнатов (Скопје), Методи Максимов (Шкендија), Бехар Фета (Воска), Матеј Ангелов (Работнички);

Напад: Марио Илиевски (Кишварада, Унгарија), Христијан Малески (Струга Трим Лум), Берат Калкан (Касимпаша, Турција);

 

- Оглас -

Најнови вести