21.8 C
Skopje
четврток, 31 јули 2025

Четворица фудбалери на Реал Мадрид поединечно имаат повеќе трофеи од Барселона во ЛШ

Триумфот на Реал во Лигата на шампионите донесе голема радост во Мадрид, но и сеир кон најголемиот ривал од Каталонија. Барселона во историјата има освоено вкупно пет трофеи од Лигата на шампионите, додека нивниот вечен ривал синоќа дојде до 15-тиот.

Дури четворица фудбалери на Реал Мадрид дојдоа до својот шести трофеј во кариерата од Лигата на шампионите. Лука Модриќ, Тони Крос, Дани Карвахал и Начо сега имаат по една титула повеќе отколку Барселона.

Овие четворица се израмнија со Ливерпул и Баерн Минхен, а само Реал Мадрид (15) и Милан (7) имаат повеќе трофеи од нив.

- Оглас -

Најнови вести