Четвртина од буџетот е пополнет – За Рајо Мајадахонда еден милион евра од трансферот на Лукас во Баерн

Лукас Ернандес го урна германскиот рекорд со потпис на договор со Баерн до 2024 година, а покрај Атлетико Мадрид, кој ќе добие околу 80 милиони евра, ќе се опари и еден шпански второлигаш.

Францускиот репрезентативец како 8-годишно дете почнал да тренира фудбал во Рајо Мајадахонда, клуб кој е многу близок со Атлетико Мадрид, и според договорот што го имаат од 1997 година, треба да добие еден милион евра од трансферот на Ернандес во Баерн Минхен.

Тоа е околу една четвртина од вкупниот буџет што на годишно ниво го троши членот на шпанската Сегунда. Рајо и Атлетико играат и на ист стадион, на прекрасниот „Ванда Метрополитано“, а имаат договор секој член што од Рајо Мајадахонда ќе премине во Атлетико и потоа се пресели во странски клуб, мал дел од парите од трансферот да одат на сметка на „помалиот брат“.

 

- Оглас -

Најнови вести