Чичарито повторно на радарот на Валенсија

Напаѓачот на Вест хем, Хавиер Ернандес, или попознат како Чичарито, се најде на радарот на Валенсија. Тренерот на „лилјаците“, Гарсија Марселино има желба да го доведе искусниот голгетер на позајмица до крајот на оваа сезона, додека „чеканите“ се обидуваат да ја зголемат истата позајмица на 18 месеци, односно да остане во Шпанија и во следната цела сезона.

Како што наведуваат шпанските медиуми, Валенсија се договори со претстанвиците на фудбалерот, останува да најдат заеднички јазик со Вест хем.

Валенсија сакаше да го доведе Чичарито и во текот на летото, но привремениот ангажман на Мичи Батшуаји од Челзи го оневозможи шпанскиот клуб да тргне и по Мексиканецот. По половина сезона, се покажа дека Батшуаји е тотално промашување, па многу веројатно е дека Валенсија ќе го врати назад во Челзи во јануари, за да ослободи место за Чичарито.

Триесетгодишниот голгетер на „чеканите“ сезонава настапи на 13 натпревари во Премиер лигата, на кои забележа четири погодоци и две асистенции.

 

- Оглас -

Најнови вести