По неуспехот со Милан: Лука Модриќ размислува за пензија!

Капитенот на Хрватска, Лука Модриќ, би можел по Светско првенство да стави крај на својата богата играчка кариера, пренесуваат шпанските и италијанските медиуми.

Според пишувањата на „АС“, повикувајќи се на италијански извори и новинарот Николо Скира, искусниот играч од средниот ред сериозно размислува за пензија, а неуспехот на Милан да обезбеди пласман во Лигата на шампионите дополнително влијаел врз неговата одлука.

Модриќ се најде во центарот на вниманието по поразот на Милан од Каљари, со кој Росонерите останаа без шанси за настап во елитното европско натпреварување следната сезона. Токму играњето во Лигата на шампионите бил еден од клучните услови за негово останување во клубот.

Италијанските медиуми наведуваат дека по натпреварот Модриќ побарал време за размислување, но сè повеќе изгледа дека продолжување на професионалната кариера не е во неговите планови. Неговиот договор со Милан наскоро истекува, иако клубот сакал да го задржи и следната сезона.

Конечната одлука за иднината Модриќ би требало да ја донесе наскоро бидејќи за неколку дена со Хрватска патува на Светското првенство во САД, Канада и Мексико.

Коцкестите на Мундијалот ќе играат во група со Англија, Панама и Гана.

- Оглас -

Најнови вести