Чиле им се приклучи на Аргентина, Уругвај и Парагвај за домаќинство на СП 2030

Чиле им се приклучи на Аргентина, Уругвај и Парагвај во кандидатурата за домаќинство на Светското првенство кое треба да се одржи во 2030 година. Овие четири земји во коалиција се кандидати од Јужна Америка кои ќе се борат за добивање на домаќинството за 24-тото издание на Мундијалот.

Фудбалските федерации на Аргентина, Уругвај и Парагвај го прифатија предлогот на чилеанскиот претседател Себастијан Пинера. Доколку ФИФА ја додели оваа улога на федерациите од КОНМЕБОЛ, Мундијалот ќе се врати во Чиле за првпат по 1962 година. Во Бразил 2014 година за последен пат се играше СП на јужноамериканскиот континент.

Покрај четирите јужноамерикански земји, уште две кандидатури се потврдени со конкретни планови. Една коалиција се Шпанија, Португалија и Мароко, потоа исто така ќе кандидираат и нашите соседи Србија, Грција и Бугарија во коалиција со Романија .

Постои интерес за кандидатура и од Велика Британија, како и двете африкански земји Египет и Камерун. Јужна Кореја чека потврда од Северна Кореја, Јапонија и Кина за заемна кандидатура.

- Оглас -

Најнови вести