Чиро Имобиле повторно е главната локомотива што го влече возот на Лацио кон победи, а и вечерва легендарниот стрелец беше најзаслужен за триумфален старт на Лацијалите во новата сезона.
Рекордерот на Лацио со 151 гол во небесносиниот дрес што го постигна во 79. минута против Болоња му донесе стартна победа на својот тим од 2:1.
Голот за победа на Имобиле против Болоња можете да го погледнете ОВДЕ.
Мечот почна лошо за домаќините и во шесттата минута беше исклучен Максимилијано, а Арнаутовиќ со гол од пенал во финишот на првиот дел и донесе предност на Болоња.
Потоа беше исклучен и Сумаоро кај Болоња по што се случи пресврт и победа на Лацио од 2:1.
Со голот во 79. минута Имобиле четврта сезона по ред дава погодок на премиерниот меч на Лацио за новата сезона, со што е само четвртиот фудбалер во историјата на италијанското првенство со таков ефект.
Драматично беше и во Фиренца, каде Фиорентина водеше трипати против Кремонезе, и на крајот победи со 3:2 со гол во 95. минута.