Напаѓачот на Лацио, Чиро Имобиле, стана хит на социјалните мрежи, откако објави фотографија по повод Ноќта на вештерките, на која тој е маскиран во филмскиот лик Џокер, а неговата сопруга Џесика е во костим на девојката на Џокерот, Харли Квин.
Најкарактеристична за Џокерот е неговата насмевка, а Имобиле е мртов сериозен на фотографијата, и за тоа имаше најмногу шеги на негова сметка.