Напаѓачот на Лацио, Чиро Имобиле, на утрешниот меч од Серија А против Јувентус во Торино има прилика да испише историја и да стане првиот фудбалер кој постигнал 100 гола на гостински терен во италијанскиот шампионат.
Ако даде гол, Имобиле ќе стане првиот во историјата со 100 гола на гостински терен во Серија А, бројка каква што нема никој друг. На таа славана листа, Алтафини е втор со 95, Тоти има 89, Ибрахимовиќ 88, Нордал 87, Пиола 87, итн.
Откако Јуве како домаќин игра на својот „Алијанц стадион“ од 2011 година, ниту еден гостински играч таму нема дадено повеќе голови од Имобиле (трипати ја тресел мрежата на Старата дама).
Во Sport Life квотата за Имобиле утре да даде гол против Јувентус е 3.20.