21.8 C
Skopje
вторник, 15 јули 2025

Чиро Имобиле со моќна порака до хејтерите

Фудбалерот на Лацио, Чиро Имобиле, преку социјалните мрежи им испрати порака на сите кои се радуваа откако утна пенал на синоќешниот куп-меч со Наполи, кога пред да шутне, се лизна. Лацио загуби и беше елиминиран, па Имобиле сакаше да го каже своето мислење.

„На лешевите од лавови, им се радуваат кучињата бидејќи мислат дека победиле. Но, лавовите секогаш ќе бидат лавови, а кучињата ќе си останат само кучиња. Напред Лацио“, напиша најдобриот стрелец во Италија и човек кој го носи Лацио кон место во Лигата на шампионите, можеби и до изненадувачка титула во Серија А.

- Оглас -

Најнови вести