Чиро како брз воз, го постигна 100. гол за Лацио во само 147 натпревари (Видео)

Чиро Имобиле немилосрдно ги тресе противничките мрежи сезонава, вечерва го постигна 13. погодок во Серија А и вкупно стоти во дресот на Лацио.

Репрезентативецот на Италија постигна прекрасен гол во 25. минута на „Сан Сиро“ против Милан, што му е јубилејна 100-ка за Лацио, а до подвиг стаса во само 147 одиграни натпревари за лацијалите.

https://twitter.com/Mariusteam14/status/1191087170985111553?s=20

Чиро е најдобар стрелец во Калчото со 13 голови, а ниту еден друг фудбалер во новата сезона во Италија нема постигнато двоцифрен број на погодоци.

 

- Оглас -

Најнови вести