Чоло ги фали навивачите: За 8 години во Атлетико не сум видел ваква луда атмосфера

Диего Симеоне е задоволен од настапот и победата на Атлетико Мадрид против европскиот првак Ливерпул, а особено по мечот ги истакна навивачите и атмосферата што ја направија на „Ванда Метрополитано“.

„Тргнавме кон победа уште кога на раскрсницата на патот кон нашиот стадион ги видов навивачите како нè дочекаа. Беше спектакуларно и пред мечот, но и за време на мечот. Навивачите грмеа за победа како никогаш досега во овие 8 години дури сум тренер на Атлетико. Имавме голем ривал и одигравме многу тежок меч и задоволен сум од епилогот и начинот на којштосе справивме со сите предизвици во стартните 90 минути од двомечот со Ливерпул“, истакна популарниот Чоло.

Атлетико поведе рано, во четвртата минута со голот на Саул Нигез и потоа приреди вистински подвиг до крајот на мечот, не дозволувајќи му на еден од најдобрите состави во Европа да упати ниту еден директен удар кон голот на Јан Облак.

Ливерпул не успеа да ја наметне својата препознатлива игра, па сега му останува во реваншот на 11-ти март во еднакво спектакуларна атмосфера на култниот „Енфилд роуд“ да се обиде да анулира негатива од 0:1 и да ја продолжи битката за одбрана на круната во Лигата на шампионите.

 

- Оглас -

Најнови вести