Чоло не му верува на ВАР системот, ѕиркаше и стискаше палци (Фото+Видео)

Анхел Кореа играше со рака во 22. минута, па голот на Атлетико Мадрид беше поништен, а потоа слично се случи и во 36. минута кога погодокот на Алваро Мората беше поништен поради офсајд.

Атлетико Мадрид немаше среќа во првото полувреме против Бетис, а особено нервозен беше тренерот Диего Симеоне.

https://www.youtube.com/watch?v=IvglAi4rBqA

Популарниот Чоло кришум ги гледаше спорните моменти на ТВ екранот, кој е дел од ВАР системот и незадоволно вретеше со глава, но мораше да се помири со двете одлуки на судијата Гонзалес.

Сепак насмевките му ги врати Диего Коста, кој погоди за победа во 74. минута, а чоло уште еднаш потврди дека е одличен стратег.

Во 55. минута направи три замени, а едниот од нив, џокерот Коста, кој влезе на местото на Алваро Мората му ја донесе победата на Атлетико Мадрид за зацврстување на третото место во Ла Лига.

- Оглас -

Најнови вести