Главниот тренер на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, објасни зошто продолжува да работи во шпанскиот клуб веќе 14 години.
„Зошто сум сè уште тука? Бидејќи доаѓаат подобри времиња и сè уште верувам дека има простор за подобрување и дека клубот е на вистинскиот пат во последните две или три години. Од минатата сезона мислам дека се преродивме и сме поконкурентни. Клубот се развива многу силно. Секогаш велев дека кога пристигнав, тимот растеше побрзо од клубот. Потоа клубот го надмина тимот. Потоа застанавме некое време во фазата на транзиција. Чувствувам дека доаѓа нешто подобро, рече Симеоне.
Легендарниот стратег додаде дека само Господ знае зошто Атлетико Мадрид уште нема титула европски првак. Атлетико два пати играше во финалето на ЛШ, беше на чекор од трофејот но уште е меѓу клубовите кои се без трофеј во најсилното натпреварување на УЕФА.