На човекот кој за еден месец заработува колку Роналдо за цела сезона првата плата му била како мијач на садови

Во летниот период секогаш актуелни се можните трансфери кои се случуваат пред почетокот на новата сезона. Оваа година ситуацијата е поразлична бидејќи поради принудната пауза од корона-вирусот, најголем дел од првенствата уште се играат, а дури потоа ќе започнат калкулациите за тоа кој тим на која позиција треба да се засили и кој играч е потребен.

Во трансфер-периодот главни фактори освен парите, се и менаџерите. Тоа се луѓе од кои во многу нешта зависат дали и како ќе се реализира некој трансфер. Во светот на фудбалот има голем број менаџери, но мал е бројот на оние кои може да се наречат дека се поголеми ѕвезди и од самите фудбалери.

Мино Рајола е најпознатиот и најуспешен фудбалски менаџер кој може да се пофали дека е побогат и од поголем дел од своите клиенти кои ги застапува. На листата на играчи кои се под „капата“ на Рајола се: Златан Ибрахимовиќ, Пол Погба, Џанлуиџи Донарума, Марко Верати, Матајс де Лихт, Ерлинг Халанд, Марио Балотели…., како и младите надежни играчи, синови на легендарните Лилјан Тирам и Патрик Клајверт.

Летото е омилениот период од годината за Рајола да заработи пари колку што поголемиот дел од фудбалерите може само да сонуваат. Во летото 2018 година, Рајола само од провизија за направените трансфер успеа да заработи 31 милион евра. Колку за споредба, најголемата ѕвезда во италијанскиот фудбал Кристијано Роналдо треба да игра цела сезона за да ги добие тие пари од Јувентус. На Рајола му беше доволно еден месец работа како фудбалски менаџер.

Овие пари и моќ кои ги има Рајола не му паднале од небо преку ноќ. Тој е роден во Италија, но неговото семејство кратко потоа заминало во Холандија, каде што татко му имал пицерија. Малиот Мино првите пари ги заработил како мијач на садови. Подоцна Рајола завршил факултет, успеал да усоврши дури седум јазици. Тоа секако многу му помага во комуникацијата при преговорите за трансферите.

Уште како млад влегол во менаџерските води, а трансферот со кој успеа да се пробие во светски рамки е доведувањето на Павел Недвед од Спарта Прага во Лацио. Успеал Недвед да го продаде во римскиот тим за сума од еден и пол милин евра, пари кои во тоа време биле вистинско богатство, посебно за клуб како Спарта, која немала некое големо реноме на европскиот пазар.

Дваесет и четири години по тој трансфер на Недвед во Италија, Рајола со својата работа и вистинските потези и трансфери успеа да стигне на врвот на фудбалските менаџерски води. Само за враќање на Погба од Јувентус во Манчестер, за трансферот вреден 100 милиони евра, на сметката на Мино „легнаа“ 10 милиони евра.

Со парите кои ги заработува Рајола може да си дозволи луксуз каков што може само да се замисли. Тој успеа да ја купи вилата во која некогаш живеел и можеби најпознатиот ганстер на сите времиња, Ал Каполе.

 

- Оглас -

Најнови вести