Чуден молк, ниту еден досегашен соиграч не се прости јавно од Меси

Иако поминаа неколку часа од шокантната вест дека Лионел Меси веќе нема да игра за Барселона, досега ниту еден фудбалер на Барса нема објавено ништо на социјалните мрежи по тој повод. Кога се случува нешто вакво, обично соиграчите први се простуваат од нивниот капитен и затоа е чуден овој молк.

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, кој изборите ги доби токму со ветување дека ќе го задржи Меси, утре во 11 часот ќе одржи прес-конференција на која ќе ги објасни деталите и причините за заминувањето на најдобриот фудбалер во историјата на Барселона и еден од најдобрите во историјата на фудбалот.

Интересно ќе биде да се види кој ќе ја наследи десетката на Лео. Шпанската лига не дозволува повлекување на дресови, па некој ќе мора да го носи дресот со бројот 10, кој Меси ги имаше од летото 2008, кога го наследи од Роналдињо.

Главни кандидати за десетката се приновите Мемфис Депај и Серхио Агуеро. Агуеро, кој е близок пријател на Меси, во Барса дојде со намера да игра заедно со својот цимер, со кого спијат во иста соба кога се во репрезентацијата и сега веројатно ќе биде ставен во втор план бидејќи Депај беше желба на тренерот Роналд Куман. Навивачите го преферираат Ансу Фати, кој е дете на клубот.

- Оглас -

Најнови вести