9.8 C
Skopje
сабота, 26 октомври 2024
No menu items!
No menu items!

Чудна одлука: Де Хеа го продолжува договорот со Манчестер Јунајтед (Видео)

Само еден ден после елиминацијата на Манчестер Јунајтед од Севиља во Лигата на Европа, еден од најголемите виновници за срамниот пораз на “црвените ѓаволи“, Давид Де Хеа ќе го продолжи договорот.

Според медиумите од Островот, шпанскиот голман се согласил на намалување на платата, кој до сега изнесуваше 20 милиони фунти по сезона, само за да остане на Олд Трафорд. Сепак, детали од договорот се уште не се објавени.

Де Хеа во Манчестер Јунајтед пристигна во 2011-тата година од Атлетико Мадрид и актуелниот договор му завршуваше налето. Голот на “црвените ѓаволи“ го бранеше на 535 натпревари.

Навивачите на клубот од Олд Трафорд негодуваат за ваквата одлука на раковоството на клубот, бидејќи таа доаѓа само еден ден после катастрофалниот пораз од Севиља, за кој најголемите виновници се токму Де Хеа и Мегваер.

- Оглас -

Најнови вести