Чудно е за нив – Исланѓаните се скарани и разочарани, Македонија има голема шанса за победа во Рејкјавик

Исланд загуби од Романија со 0:2 вчера во Рејкјавик и има минимални шанси во продолжението на квалификациите да се пласира на Мундијалот во Катар.

Исланѓаните имаат само 3 бода од четири меча и се на четвртото место, а што е уште полошо за нив, тамошните медиуми објавија дека атмосферата во националниот тим е лоша.

Дури и се тврди дека имало вербални конфликти меѓу репрезентативците и дека атмосферата е токсична, според објавата на „fotbolti.net“.

Репрезентативецот Видар Кјартарсон не крие дека има проблеми во националниот тим и дека играчите се разочарани по поразот од Романија.

„Тивко беше во соблекувалната по поразот од Романија. Разочарани сме и минавме чудна недела, но, сепак, ќе останеме заедно, сплотени и ќе продолжиме да се бориме. Бевме подобри во првото полувреме и кога очекувавме да постигнеме, примивме чуден погодок на почетокот на вториот дел. Романците не беа подобри, но имаа повеќе среќа од нас. Се надеваме дека ќе биде подобро“, изјави шпицот на Исланѓаните.

Следниот меч го играат против Македонија на петти септември во Рејкјавик, а според сè, нашата репрезнтација има шанса за прва победа во третото гостување во Исланд.

Загубивме во 2008 со 1:0, а на првото гостување во Рејкјавик одигравме 1:1. Мечот е на стадионот „Лугардалсволур“ од 18 часот задутре.

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести