Скот Паркер има големи маки во Фулам, а по новиот пораз во Премиерлигата од Евертон и навивачите му го свртеа грбот.
Разочарувањето кај симпатизерите на лондонскиот клуб е огромно, Фулам има самоедна победа и реми и дури 7 порази во новото издание на Премиерлигата, а камен на сопнување беше одлуката на менаџерот да го остави Александар Митровиќ на клупата.
https://twitter.com/FPL_SF/status/1330482029989912578?s=20
Потоа Паркер немаше избор, при негатива од 1:3 му даде шанса на Митровиќ во 58. минута, а по развојот на настаните во право беа навивачите.
Фулам промаши пенал, а потоа постигна и гол за 2:3, но на крајот сепак не успеа да се спаси од пораз, иако најдобриот стрелец на тимот беше освежување и со него во нападот домаќините беа многу поопасни.