Малку чудно за клуб од Топ 5 лигите во Европа, но е вистинито, а се случува во францускиот прволигаш Тулуз. Досегашниот стандарден чувар на мрежата Баптист Рејне одбива да тренира откако клубот се засили со хрватскиот репрезентативец Ловре Калиниќ.
Калиниќ пристигна како позајмен во редовите на последнопласираната екипа во Франција и најавено е дека тој ќе биде прв голман, што предизивика чудна реакција на неговиот конкурент Рејне.
Тулуз е последен во Лига 1, се наоѓа во страшна криза со 10 порази по ред и е фенерџија во француското првенство само со 12 бода по 20 одиграни кола.