Чудо би било Вардар да го победи Свонси, барем според квотите

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар, денеска од 13 часот ќе игра пријателски меч против Свонси. Некогашниот член на Премиер лигата, сега е дел од Чемпионшип, која е најсилна втора лига во светот, каде има клубови кои имаат гигантски буџети.

Во подготвителниот период Вардар досега одигра четири меча и има биланс од две победи (2:0 против Мура и 3:1 над Чарда Мартјанци) и два порази (Динамо Загреб 3:0 и Бистрица 1:0).

Свонси во минатата сезона заврши на 14 место на табелата во Чемпионшип, а сега против Вардар, на неутрален терен во Австрија ќе ја има фаворитската улога. По завршување на овој дуел, вардарци ќе се вратат во Скопје, каде ќе ги продолжат подготовките до стартот на новата сезона во Прва македонска фудбалска лига.

Освен Вардар и Свонси, денеска низ светот се играат речиси 150 контролни дуели кои ги има во понудата на Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести