Интер ремизираше на гости кај Салернитана 1:1, но Нераѕурите може да жалат што не успеаа да победат. Мечот добро почна за фаворитот кога во шестата минута Ромелу Лукаку со глава асистираше, а Госенс излезе сам пред домашниот голман и успеа да погоди за 1:0. Овој погодок може да го видите ТУКА.
И во продолжение на средбата Интер беше доминантен и постојано напаѓаше, создаваше шанси, но недостасуваше реализацијата. Од сите промашени шанси, најневеројатна беше таа во 64 минута, кога Лукаку со глава од помалку од два метри успеа да ја погоди пречката.
Romelu Lukaku – Best Striker ever? pic.twitter.com/nGSPaLWlmg
— Džekson ⍟ (@dzekson_enes) April 7, 2023
Вкупно 25 шута упати Интер кон голот на Салернитана, од кои 11 беа во рамките на голот, но не успеаа да постигнат втор погодок. Сите промашувања на Интер беа казнети од страна на Салернитана и тоа во 90 минута.
Кандрева доби една топка по страничната офанзивна линија, и речиси од аут линијата, сакајќи да нафрли успеа да шутира на таков начин што успеа да го совлада Онана. Евроголот на Кандрева може да го видите ТУКА.
L’ha fatto brutto #Candreva #salernitanavsinter pic.twitter.com/0m4TISjEYz
— GioSC_03 (@03Cannella) April 7, 2023
Со ова реми, Интер ја продолжи кризата и во последните шест кола има освоено само четири бода. Нераѕурите имаат 51 бодови и моментално со на четвртото место на табелата.