Астон вила и Јувентус одиграа без голови на „Вила парк“, а во средината на второто полувреме гостите беа многу блиску до водство, буквално едно влакно фалеше да поведат со 1-0.
По корнер, Франсиско Консеисао шутна со глава, топката тргна кон мрежата, но голманот Емилијано Мартинес со чудесна интервенција го спаси својот тим. Снимките од ВАР и гол-технологијата покажаа дека топката речиси цела беше зад гол-линијата, но не и цела, милиметри фалеа за да биде 1-0 за Јуве.