Јусуф Мукоко е играчот за кој допрва ќе треба да слуше фудбалскиот свет. Иако има само 14 години, тој веќе е милионер. Неодамна потпиша 10-годишен договор со „Најки“, од кој ќе заработи 10 милиони евра.
Камерунецот кој има и германски пасош, од оваа сезона е префрлен во јуниорскиот тим на Борусија Дортмунд, откако во претходните две сезони за У17 тимот, во 54 меча даде 88 голови. Дебито за јуниорите беше перфектен. Мукоко даде неверојатни шест гола, во победата на Борусија против Вупертал од 9:2.
