Тинејџер на 14 години потпиша договор од 10 милиони евра

Јусуф Мукоко, фудбалерот на младинската школа на Борусија Дортмунд, слободно може да размислува за пензија на свои 14 години. Тој веќе е милионер, иако има уште време да се докажува и допрва да избие во сениорскиот тим на „милионерите“. Мукоко е еден од најталентираните фудбалери во светот на негова возраст, а тоа го забележа компанијата за спортска опрема „Најки“.

Имено, Мукоко се обврза на 10-годишен договор со американскиот спортски бренд, според кој ќе заработи 10 милиони евра. Знаејќи колкаво влијание има „Најки“ во фудбалот, но и во другите спортови, оваа сума за нив е ситно. Таа може да се зголеми со текот на годините ако Мукоко ги оправда средствата и прерасне во фудбалер каков што се очекува.

Во Германија велат дека Мукоко е следната ѕвезда која ќе го покори фудбалскиот свет, настапува за екипата на Дортмунд до 17 години, а на 49 натпревари има неверојатен учинок од 76 погодоци. Негов ментор е Пјер-Емерик Обамејанг, односно му беше ментор додека Габонецот играше во Бундеслигата, а и до денес ги слуша неговите совети како да стане подобар голгетер.

- Оглас -

Најнови вести