Абделхак Нури беше еден од најголемите таленти на Ајакс, кому пред две години и девет месеци му се случи многу лоша работа. За време на еден пријателски меч против Вердер, во јули 2017 година, Нури наеднаш падна на теренот. Играчот на Ајакс немаше контакт ниту со еден друг фудбалер и веднаш се знаеше дека се работи за сериозен проблем.
Веднаш реагираа лекарите, а Нури заврши во болница. Беше констатирано дека претрпел срцев удар, а потоа и оштетување на мозокот. Фудбалерот падна во кома, во која беше до денеска. Братот на Абделхак, Абдерахим Нури ја соопшти убавата вест.
„Али се разбуди од кома. Почна дури и да јаде, а со веѓите покажува кога негодува за нешто. Секако ова е голем напредок, ако се знае во каква состојба беше долг период“, вели Абдерахим.
Талентираниот Нури беше дел од генерацијата на Ајакс од која излегоа играчи, како што се: Де Јонг, Де Лихт, Ван де Бек. Тој е роден на 2 април 1997 година, што значи кога се случи несреќата, имаше само 20 години.
Несреќниот момент на Нури кога доби срцев удар и две години и девет месеци остана во кома може да го погледнете на снимката.