Чудо во Париз: Штафетата на Јамајка остана без место во финалето на 100 метри!

Јамајка важи за земја која ги дава најбрзите спринтери во светот, па не случајно тоа е репрезентацијата која го држи олимпискиот и светски рекорд во оваа дисциплина. Сепак, на Игрите во Париз, Јамајка нема да биде дел од финалето.

Катастрофална трка истрчаа четворицата спринтери од Јамајка и на крајот завршија на четвртото место во својата група, а вкупно дури 11 го имаа најдоброто време од 38.45 секунди.

Со толку слабо време, четворката составена од Блејк, Вокер, Гордон и Канаде останаа без место во финалето. Клучниот момент за овој очаен резултат се случи при последната измена, кога Гордон лошо му ја подаде штафетата на Томпсон, а овој во последните 100 метри не успеа да го надополни големото заостанување.

- Оглас -

Најнови вести