Чудо во Париз – Троа му стопи два гола предност на ПСЖ, имаше и прекрасна „паненка“ (Видео)

Троа бие битка за опстанок и прави чудо во Париз, откако му стопи два гола предност на првакот Пари Сен Жермен и има шанса да освои голем бод.

Чудесниот тек на мечот го зачини Флоријан Тардје со прекрасна Паненка во 49. минута.

Кејлор Навас беше немоќен, а голот за 2:2 на Тардје можете да го погледнете ОВДЕ.

ПСЖ водеше со 2:0 со головите на Маркињос и на Нејмар, а Угбо и Тардје израмнија на 2:2 и Троа има само уште 15-на минути до големо реми во Париз.

 

- Оглас -

Најнови вести