Чудо во Шпанија, Пике го поддржа претседателот на Реал Мадрид

Жарарт Пике пред една недела објави дека го напушта фудбалот, последниот натпревар го одигра на „Камп ноу“ против Алмерија, а потоа беше дел од тимот на гостувањето кај Осасуна, но не влезе во игра.

Сепак, доби црвен картон поради навредување на судијата, а сега откако е во фудбалска пензија, го поддржа претседателот на најголемиот ривал на Каталонците, Реал Мадрид, Флорентино Перес.

Пике во интервју со Ибаи Љанос на платформата „Твич“ ги поддржа дел од ставовите на првиот човек на Реал Мадрид околу проектот Европска Суперлига.

Перес беше еден од предводниците на идејата за Суперлигата, тој смета дека на фудбалот му е потребно ново затворено натпреварување на најдобрите екипи во Европа бидејќи помладата популација го губи интересот за фудбалот. Пике пак смета дека треба да се скрати времетраењето на еден фудбалски натпревар за да ги привлече младите бидејќи тие не сакаат предолго да седат пред ТВ-екраните.

„Претставувањето на Суперлигата беше многу лошо, почнувајќи од Перес. Сепак, се согласувам со него дека треба да го привлечеме вниманието на помладата публика, иако не се согласувам со идејата околу Суперлигата. Треба да имате пократок, поатрактивен производ. Според мене, 90 минути за фудбалски натпревар изгледаат предолго“, изјави Пике.

Обидот за формирање на Суперлигата беше спречен само по 48 часа од нејзиното објавување дека сè е договорено, но се предвидува дека веќе во 2024 година ќе се направи нов обид за нејзино рестатирање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести