Хрватска слави! Машката ракометна репрезентација на Хрватска по петти пат во својата историја ќе игра финале на Светско првенство, прво по 16 години, и ќе се обиде да ја освои втората титула по оваа во 2003 година.
Во вечерашното полуфинале во Загреб, Хрватите се надминаа себеси и ја совладаа фаворизираната Франција со 31-28.
Срна со 7, а Мартиновиќ и Јелиниќ со по 6 гола беа најефикасни во победничкиот тим.
Во утрешното второ полуфинале, играат Данска и Португалија. Финалето се игра во Осло.