Чудото од дете на Борусија Дортмунд постави рекорд во Лигата на шампионите

Јусуф Мукоко влезе во 58-мата минута за Борусија Дортмунд на гостувањето кај Зенит и со тоа постави нов рекорд во Лигата на шампионите. Чудото од дете дебитираше во елитната лига на УЕФА само со 16 години и 18 дена, со што стана најмладиот кој заиграл во Лигата на шампионите.

Досегашниот рекорд го држеше Селестин Бабајоко, кој дебитирал со 16 години и 85 дена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести