Катастрофа за Вардар, без Малус и Хориха против Монпелје

Екипата на Вардар 1961 ќе биде драстично ослабена на вечерашното гостување кај Монпелје во првиот четвртфинален дуел од Европската лига на ЕХФ.

Објавени се официјалните состави на двата тима, а кај Црвено-црните ги нема најдобрите бекови Јака Малус и Дмитро Хориха. Словенецот се повреди против Алкалоид и клубот не сака да ризикува, а Украинецот кој не играше со Алкалоид и си оди од Вардар во следната сезона, ќе отсуствува поради болест.

Реваншот е закажан во „Јане Сандански“ на 5 мај, но вечерва од 20.30 ослабените вардарци ќе треба да се изборат за резултат кој ќе им дава реална шанса дека може да се најдат на фајналфорот во Хамбург.

- Оглас -

Најнови вести