Барселона убедливо со 6:0 ја победи Валенсија во меч на кој по долга пауза на теренот се врати Марк Бернал. Тој важи за еден од најголемите млади таленти, но поради тешката повреда кога ги скина предните вкрстени лигаменти на коленото, паузираше повеќе од една година.
Синоќа, точно по 383 дена, Бернал повторно се врати на теренот кога влезе како резерва. Тој одигра десетина минути, кога влезе на местото на Педри. И за тоа кратко време, Бернал успеа да асистира за погодок.
Младиот 18-годишен талент со аплауз беше поздравен од навивачите по неговото успешно враќање на теренот.
THE ENTIRE STAFF CONGRATULATING MARC BERNAL FOR COMING BACK… WHAT A BEAUTIFUL MOMENT 🥹💙❤️ pic.twitter.com/HPmRxAXgC6
— ᴘɢ² (@angrygavi) September 14, 2025