Чудото од дете со „бомба“ го спаси Дортмунд од нов пораз во Бундеслигата (видео)

 

Американското чудо од дете Џовани Рејна, кое има само 18 години, блескаше во дресот на Борусија Дортмунд во ремито 1-1 на гости кај Ајнтрахт Франкфурт.

Милионерите избегнаа втор пораз едноподруго во Бундеслигата, благодарение на нивниот талент и прекрасниот погодок во 56-тата минута.

Гостите речиси цело прво полувреме бркаа негатива, Камада му донесе предност на Ајнтрахт, но домаќините не издржаа да приредат изненадување во 10-тото коло.

Дортмунд засега е на третото место со 19 бода, исто колку што има и Леверкузен, додека Ајнтрахт го запиша петтото реми во низа со кое дојде до осмата позиција и 13 бода по 10 натпревари.

Останати резултати од 10-тото коло:

Арминија Билефелд 2-1 Мајнц, Келн 2-2 Волфсбург, Фрајбург 2-2 Менхенгладбах.

- Оглас -

Најнови вести