Чудото што го направи Рашфорд видено само четири пати во историјата на Лигата на шампионите

Манчестер јунајтед убедливо со 5:0 го победи Лајпциг и со шест бода е лидер во својата група од Лигата на шампионите. По првиот дел, Црвените ѓаволи водеа со 1:0, а гол-шоу се случи откако во 63-тата минута во игра влезе Маркус Рашфорд. Напаѓачот на Манчестер покажа дека доволни му се и неполни 30 минути за да постигне хет-трик.

Рашфорд погоди во 74-тата и во 78-мата минута, а потоа Марсијал од пенал зголеми на 4:0 за Манчестер. Во судиското надополнување Рашфорд го постигна и третиот гол за убедливи 5:0. Во историјата на Лигата на шампионите само четирипати претходно се случило играч кој влегол како резерва, да постигне хет-трик.

Прв кој успеал како резерва да даде три гола на еден меч е Рослер од Кајзерслаутерн во 1998 година, а потоа тоа им успеало само уште на Пандијани во 2001 година како играч на Депортиво Ла Коруња, потоа на Љоренте во дресот на Вилјареал во 2008 година и на ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе минатата година.

Во историјата на Манчестер јунајтед, само уште еден играч дал три гола како резерва, а тоа е сегашниот тренер Оле Гунар Солскјер. На Солскјер тоа му успеа во 1999 година на дуелот против Нотингам форест.

 

- Оглас -

Најнови вести