Чукарички ја доби драмата против Партизан и победи со 3-2, резултат кој ја радува Црвена ѕвезда која има седум бодови предност пред почетокот на плејофот во кој ќе се играат седум кола, а веќе во првото в сабота, се игра големото белградско дерби кое ако го добијат Црвено-белите, може да почнат со ладење на славеничкиот шампањ.
На стадионот во белградската населба Баново Брдо, популарната Чука водеше со 2-0 во 90-та минута, а тогаш гостите со блицкриг за две минути изедначија на 2-2. Кога се чинеше дека Партизан ќе избегне пораз, а се понадеваа и на сензационална победа, домашните дадоа гол за четврти пораз сезонава на Партизан.
Црно-белите во текот на мечот останаа и без својот прв голман кој се повреди, а тренерот Игор Дуљај доби жолт картон кој значи суспензија и ќе го нема на клупата следниот викенд на гостувањето во мега дербито кај Црвена ѕвезда.