Шкендија има победнички рецепт за естонските „Пинк Пантери“

Шкендија – Номе Калју (Лига на шампиони, квалификации, 17 часот)

Македонскиот претставник беше надмоќен на првиот меч во Естонија и немаше проблем да победи, иако триумфот од 1:0 можеше да биде и поубедлив.

Се очекува Шкендија повторно да напаѓа против реално скромниот тим на Номе Калју. Естонците станаа шампиони без пораз во домашното првенство, но немаат состав за да ја изненадат Шкендија, која има сериозни амбиции и добар тим во обидот да стигне до клупска историја и прв настап во фаза по групи во едно од двете клупски натпреварувања што ги организира УЕФА.

Популарните „Пинк Пантери“ од Талин ќе се соочат со тотална офанзива од самиот старт на реваншот вечерва од 17 часот во Скопје, а очекуваме ефикасен меч со голови и триумф на македонскиот првак.

Предлог тип: 1-1& 2+ прво полувреме (2.90) Квота на денот Sport Life

 

Банантс – Чукарички (Лига на Европа, квалификации, 17 часот)

Првиот меч мина во комплетна доминација на Чукарички и само среќа ги спаси Ерменците од катастрофа. Српскиот претставник победи со 3:0, но и се изнапромашува на домашен терен.

Разликата во квалитет меѓу двата состави, барем според тоа што го прикажаа на „Баново брдо“ во Белград, е голема во корист на Чукарички.

Банантс ќе мора да смени многу работи ако сака да се надева на евентуален подвиг, но се чини дека тоа е невозможна мисија. Ако гостите одиграат приближно на нивото што го прикажаа на првиот меч, повторно ќе победат, но ние ќе типуваме на комбиниран тип.

Предлог тип: Х2&2-4 гола (1.85) Квота на денот Sport Life

 

Валета – Дуделанж (Лига на шампиони, квалификации, 20.45 часот)

Валета покажа карактер на првуот меч против екипата што лани запиша историја за Луксембург како прв состав што играл во фаза по групи. Дебито во Лигата на Европа беше зачинето со пет порази и само едно реми, против Бетис, но Дуделанж сака нов подвиг и настап во фаза по групи во ЛШ или ЛЕ.

Екипата од Малта не се уплаши од забревтаниот состав од Луксембург дури и по негативата од 0:2 по првото полувреме, па се избори за одличен резултат од 2:2 за реваншот.

Валета има солиден состав, Дуделанж повеќе искуство и подобри резултати во еврокуповите во последно време, а се чини дека нијанси ќе го одлучуваат патникот во следното квалификациско коло на патот кон подвиг и евентуален настап во фазата по групи во ЛШ.

Предлог тип: ГГ (1.65)

 

Титоград – ЦСКА Софија (Лига на Европа, квалификации, 20.30 часот)

Црногорскиот тим потфрли на првиот дуел во Софија и по поразот од 0:4, веќе ја прифати реалноста дека го завршува европскиот настап на самиот старт од кваликациите за Лигата на Европа.

Одбраната на Титоград беше очајна, а играчите на ЦСКА на моменти си поигруваа со дефанзивците на гостинскиот тим. Време за да се смени нешто драстично нема, па ЦСКА повторно е голем фаворит за победа.

Предводени од бразилскиот ас Евандро, гостите од Софија се многу блиску до уште една победа, овојпат во главниот град на Црна Гора.

Предлог тип: 2&Т2 2+ (1.65) 

 

Црвена ѕвезда – Судува (Лига на шампиони квалификации, 20.45 часот)

Српскиот првак можеше да победи и на првиот меч, а сега на свој терен, на малата „Маракана“, или како што сега се вика „Рајко Митиќ“, е апсолутен фаворит за триумф и за пласман во второто коло.

Лани двете екипи во фаза понапред од сегашната играа меѓу себе во квалификациите за ЛШ и белграѓани убедливо, со две победи и вкупна гол-разлика од 5:0 минаа понатаму и потоа играа и во фазата по групи.

Судува одигра подобро од лани и успеа на првиот меч пред 7 дена да ремизира без голови, но видливо беше дека Црвена ѕвезда е многу подобар тим и подвиг на Судува би бил рамен на првокласна сензација.

На ланскиот реванш во Белград „црвено-белите“ ја победија Судува со 3:0 откако на полувремето водеа со 2:0, па може да се очекува слично сценарио и исход и денеска во полза на фаворитот.

Предлог тип:1-1&2-5 гола (1.90) Квота на денот Sport Life

 

- Оглас -

Најнови вести