Чупо-Мотинг едвај чекаше да се израдува против „своите“ (видео)

Ерик Чупо-Мотинг го намали резултатот на 1-2 и му ги врати надежите на Баерн Минхен пред стартот на второто полувреме во дербито против ПСЖ.

Камерунскиот напаѓач, кој вечерва игра на местото од повредениот Левандовски, засега ја оправдува довербата на тренерот Флик. Чупо-Мотинг го проследи нафрлувањето од Павар, па во 37-мата минута со глава го совлада дотогаш неприкосновениот Навас.

Иако две сезони го носеше дресот на францускиот првак, едвај чекаше да се израдува на погодок против својот поранешен тим.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести