Чурлинов: Ако одиграме како што знаеме, нема да имаме проблем против Грузија

Дарко Чурлинов знае дека главна цел на македонската фудбалска репрезентација е да се освои првото место во групата од Лигата на нациите, а тоа значи дека треба на секој меч да атакуваме на победа и освојување на трите бода. Грузија е ривал кој стартуваше со два триумфи и игра многу поотоврено за разлика од Бугарија и Гибралтар, што значи дека е сериозен ривал, но Чурлинов е оптимист.

„Знаеме дека Грузија е сериозен противник, но веруваме во нашите квалитети и ако ги извршиме задачите зададени од селекторот, мислам дека нема да имаме проблеми. На претходните два меча имавме противници кои играат затворено. Најважно е да завршиме на првото место, се фокусираме од меч на меч затоа што секој натпревар е клучен и треба да се освојат три бода“, рече Чурлинов.

- Оглас -

Најнови вести