Белгискиот гигант Андерлехт, кој е рекордер во својата земја со 34 шампионски титули, е заинтересиран за ангажман на Дарко Чурлинов.
Македонскиот репрезентативец играше одлично во подготвителниот период за Штутгарт, но популарните Шваби би го продале ако има добра понуда за Дарко.
Барнли беше заинтересиран, но Англичаните нудат премалку пари, исто како и претходно Шалке 04, клуб на кој Чурлинов му помогна да се врати во Бундеслигата, но потоа немаше пари да го откупи неговиот договор.
Сега и Андерлехт се интересира за еден од најмладите македонски репрезентативци, кој има 22 години, а Штугарт бара отштета од пет милиони евра за да го ослободи Чурлинов.
Дарко играше во првото коло за петкратниот германски првак во ремито против Лајпциг на ддомашен терен, 1:1, и можно е да остане во Штутгарт и цела оваа сезона.