Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов не е дел од составот за дуелите против Украина и Англија затоа што е во болница. Селекторот Благоја Милевски откри дека Чурлинов е во Клиничкиот центар во Белград, каде што бил хосптализиран поради сепса.
„Уште не знаеме што точно се случува со Дарко. Ниту докторите имаат јасен одговор. Имал сепса откако се искомплицирало нешто по интервенција на некој заб. Се надеваме дека за скоро време Чурлинов ќе биде добро“, откри Милевски на прес-конференцијата на која го објави составот, но и очекувањата за дуелите против Украина и Англија, кои се играат на 16 јуни во Скопје и три дена подоцна во Манчестер.