Милевски ги одбра фудбалерите со кои ќе се спротивстави на Украина и Англија

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски го соопшти составот за двата меча во јунскиот квалификациски циклус за пласман на Европското првенство кое следната година ќе се игра во Германија.

Македонија на 16 јуни во Скопје прво ќе игра против Украина, а три дена подоцна, односно на 19 јуни ќе гостува на „Олд Трафорд“ во Манчестер против фаворитот Англија. Нашата репрезентација има три бода откако на стартот во групата ја победи Малта со 2:1 во Скопје.

На списокот за следните два меча се најдоа следните фудбалери:

 

 

- Оглас -

Најнови вести