Чурлинов и Мудрик промашија ситуации од кои полесно е да се даде гол

Украина уште има предност од 1:0 по 60 минути игра на дуелот против Македонија, иако резултатот можеше да биде многу поразличен. Македонија во второто полувреме заигра многу поотврено па тоа резултираше со една неверојатна шанса на Дако Чурлинов.

Играчот кој влезе на полувреме во нашата селекција, во 53 минута одлично продре во противничкиот шеснаесетник, дојде на неколку метри од голот на Украина, биеше силно, но голманот на неверојатен начин успеа да одбрани и да ја исфрли во корнер.

Само неколку минути подоцна слична ситуација имаше и пред голот на Македонија. По еден брз контра напад, Мудрик излезе сам пред Димитриевски, но нашиот голман успеа да му одбрани зицер на фудбалерот на Челзи. Само една минута подоцна, Матвиљенко со глава ја погоди пречката на голот на Македонија.

- Оглас -

Најнови вести