30.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Чурлинов ја преседе новата победа на Шалке

Дарко Чурлинов никако да се наметне кај тренерот Димитрос Грамозис, кој со екипата на Шалке реди победи.

Некогашниот првак на Германија славеше со 3:0 против Динамо Дрезде, а нашиот репрезентативец го преседе на клупа целиот натпревар.

Секако дека ова не се добри вести за селекторот Боби Милевски кој смета на Чурлинов како еден од најголемите „адути“ во сениорската репрезентација.

Томас Оувејан во 20. и Мариус Батлер стрелаа за домаќините во првото, како и Марсин Камински во последните мигови од второто полувреме, кои дојдоа до четвртата едноподруго победа и се искачија на второто место во „цвајте“ со 22 бода. Пред нив е Сент Паули кој има ист број на бодови, но, и натпревар помалку.

- Оглас -

Најнови вести