Да не беше ВАР-системот, Реал Мадрид ќе беше првак во Шпанија

ВАР-технологијата е воведена во шпанското првенство пред пет години со единствена цел, а тоа е да се намалат судиските грешки за време на натпреварите. Во сезоната која неодамна заврши, ВАР-системот бил користен рекордни 179 пати и на дури 38 мечеви имал директно влијание врз конечниот резултат.

Ако не постоеше ВАР-системот, изгледот на табелата ќе бил поинаков и шампион на крај ќе бил Реал Мадрид, а не Барселона.Каталонскиот гигант сезонава ја освои титулата на убедлив начин дури со 10 поени повеќе од Реал Мадрид, а според пишувањата на „Ас“, грешките кои биле коригирани со ВАР-системот ќе направел ситуацијата да била поинаква.

Да не се користел ВАР-системот, Барселона ќе имала 82 бода, односно шест помалку од тоа што имаше сезонава на крајот. Технологијата реагирала во четири клучни моменти за Барселона да добие бодови.

Четири моменти со ВАР-системот биле клучни и во дуелите на Реал Мадрид. Ако ВАР-системот не реагирал и не ги исправил судиските грешки, Кралскиот клуб ќе имал шест бодови повеќе од тоа што имаше на крајот од сезоната, односно ќе завршеше со 84 бода (Реал на крајот имаше 78 бода).

Сепак, факт е дека Барселона имаше одлична сезона и откако на четири кола пред крајот ја обезбеди титулата, Каталонците едноставно загубија мотив да играат и на крајот загубија три од последните четири кола, па Реал успеа разликата да ја намали на 10 бода. Доколку неизвесноста беше поголема, тешко дека Барселона ќе дозволеше да загуби трипати во последните четири кола, па факт е дека тимот на Чави Ернандес сезонава сосема заслужено стигна до тронот во домашното првенство.

- Оглас -

Најнови вести