Да се земе нешто – Барале пари за да продадат меч, кога биле одбиени, понудата паднала на две гајби пиво

Романскиот фудбалски тренер Марин Барбу во интервју за радио „Голд ФМ“ раскажа интересна приказна од минатото што се случила кога клубот играл во пониските лиги.

Барбу, кој има 62 години, е поранешен тренер на прволигашот Сепси, клуб кој е тазе формиран, во 2011 година, и само по шест сезони успеа во 2017 година да се пробие во највисок ранг на натпревари во Првата лига на Романија.

„Имаше екипи што можеа да се борат рамноправно за влез во повисок ранг, но не сакаа. Имаше и понуди да ни продадат натпревар за пари за да победиме, но никој од Сепси воопшто и не размислуваше за такво нешто. Бевме јаки и победувавме на чесен начин. Кога ќе сфатеа дека воопшто не сакаме да разговараме за такво нешто, ни нудеа победа и за две гајби пиво“, изјави Барбу.

За Сепси во Првата лига на Романија во сезоната 2018/19 играше и нашиот интернационалец Марко Симоновски.

Клубот само со 10-годишна традиција моментно игра во плејофот за титулата во најсилната лига на Романија.

 

 

- Оглас -

Најнови вести