Даде гол против Баерн, му го поништија, па заигра на аматерски меч (Видео)

Калум Хадсон-Одои, младиот фудбалер на Челзи, по настапот во ЛШ против Баерн, меч на кој даде гол, кој подоцна беше поништен поради офсајд-позиција, направи нешто што ретко се гледа и на многумина кои од фудбалот заработуваат многу пари, ова им е незамисливо. Хадсон-Одои, кој има неделна плата од 133.000 евра, само еден ден по поразот од Баерн, настапи на еден меч помеѓу аматерски екипи.

Хадсон-Одои, кој има 19 години, со неколку пријатели заигра за нисколигашот Саха на хуманитарен меч кој имаше цел да се упати јавен апел да не се користат ножеви во тепачките. Мечот се играл во 11.30 претпладне, а Сините од Минхен се вратија само неколку часа претходно бидејќи дуелот во Минхен заврши околу 23 часот, па додека се подготват и заминат на аеродром, па лет до Лондон, сигурно Калум немал многу време за одмор.

„Никој не можеше да поверува што направи Калум, но сите го препознаа“, изјави еден човек кој го гледал мечот.

- Оглас -

Најнови вести