Даглас Луиз постигна прекрасен гол директно од корнер за Астон вила и ударот е верна копија на легендарниот погодок што го постигна македонскиот репрезентативец Артим Шакири против Англија во Саутемптон.
https://twitter.com/goalsreplayg/status/1562159846694289408?s=20&t=AOoL7D_sADlkizXtzdG1kQ
Со прекрасниот гол на Луиз, Астон вила израмни на куп-мечот со Болтон на 1:1, а потоа и направи комплетен пресврт и победи со 4:1 на стартот од ЕФЛ-купот.
За споредба потсетете се на голот на Шакири од корнер во октомври 2002 година, кога Симан и Англија беа немоќни во 11-тата минута на мечот со Македонија во Саутемптон што заврши нерешено 2:2.