Дајте им ја титулата на ПСЖ во Лига 1, едноставно немаат конкуренција

Пари Сен Жермен дојде до нова победа во француската Лига 1, овој пат над Монпеље од 2:0.

Без преголем напор, Парижаните триумфираа со головите на Идриса Гана Геје во 14. како и Јулијан Дракслер во 88. минута. Како што е познато, Лео Меси не беше дел од овој натпревар, а Мбапе, Нејмар и Ди Марија иако играа, сепак со мислите беа кон натпреварот со Манчестер сити.

ПСЖ веќе „набилда“ 10 бодови предност пред второпласираниот Олимпик Марсеј, кој за волја на вистината има и два натпревари помалку, но, тешко дека ќе успее да држи чекор со супертимот од Париз.

- Оглас -

Најнови вести